Втори победи за Реал и Борусија во Лигата на шампионите
Со одигрувањето на осумте натпревари синоќа се комплетира 2.коло од Лигата на шампионите и во групите А, Б Ц и Д. Втори победи забележаа европскиот првак Реал Мадрид и германскиот претставник Борусија Дортмунд по што овие две екипи му се приклучија на Баерн Минхен кој беше единствениот со максимален ефект по двете рунди.
Постигнати резултати и табели во првите четири групи:
А група: Атлетико Мадрид - Јувентус 1:0 и Малме - Олимпијакос 2:0.
Табела: Јувентус 3 бодови, Атлетико Мадрид 3, Малме 3, Олимпијакос 3.
Б група: Базел - Ливерпул 1:0 и Лудогорец - Реал Мадрид 1:2.
Табела: Реал Мадрид 6 бодови, Ливерпул 3, Базел 3, Лудогорец 0.
Ц група: Зенит - Монако 0:0 и Баер Леверкузен 3:1.
Табела: Зенит 4 бодови, Монако 4, Баер Леверкузен 3, Бенфика 0.
Д група: Арсенал - Галатасарај 4:1 и Андерлехт - Борусија Дортмунд 0:3.
Табела: Борусија Дортмун 6 бодови, Арсенал 3, Галатасарај 1, Андерлехт 1.
Следува дваесет дневна пауза во елитното натпреварување поради настапи на репрезентациите во квалификациите за Европското првенство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа