Црвена Звезда и Левски на стартот на новата сезона од АБА лигата
Со натпреварот меѓу Црвена Звезда и Левски вечерва ќе стартува 14.та сезона на АБА лигата (Јадранска лига). Натпреварот се игра во салата Пионир во Белград, а почетокот е во 19 часот. Покрај овој дуел вечерва играат и Цибона – Олимпија.
Трета сезона дел од ова натпреварување ќе биде и македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром. Во првото коло македонскиот претставник ќе гостува во Сремска Митровица кај екипата на Мега Визура, која оваа сезона своите натпревари на домашен терен ќе ги игра во овој град. Натпреварот Мега Визура – МЗТ Скопје Аеродром се игра утре со почеток во 19 часот.
На другите натпревари двојките се: Крка – Цедевита, Задар – Игокеа и Будуќност – Металац.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа