Детали за состојбата на повредениот Ф1 возач

 

Возачот на Марусија Жул Бјанки излегол од операција и дише самостојно откако тешко ја повреди главата по излетување од патеката во Јапонија.

Портпаролот на ФИА изјавил дека Ф1 возачот бил во несвест кога бил пренесен во болницата, по што следувала операцијата, по која е пренесен на интензивна нега.

Возачот на Марусија излета од патеката на истото место каде еден круг претходно излета и Адријан Сутил, а Бјанки за несреќа удри во возилото кое го креваше болидот на Заубер.

 

 

05.10.2014 - 18:43

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега