ГЛАСАЈТЕ: Скопје води во трката за најдобро осветлен град во светот

Наградата The city.people.light на People Choice Award ги наградува урбаните проекти кои имаат најдобро осветлување.

Осветлувањето на објектите од проектот „Скопје 2014“ е номинирано за наградата и тоа во конкуренција со Лион од Франција, Толедо од Шпанија, Пула од Хрватска, Сеул од Kина и други. Може да гласа секој граѓанин на веб-страницата www.peoplechoiceaward.eu.

Најдоброто осветлување покрај визуелната убавина подразбира и одржливост и оживување на урбаниот простор.

Номинирани се градови низ целиот свет, а Скопје се наоѓа на 1-то место со 4684 гласови. Според организаторите, новата светлина го вратила идентитетот на центарот на Скопје, кој бил изгубен по земјотресот во 1963 година.

Гласањето се уште трае, а може да гласате и да ги проверите резултатите на следниотЛИНК.

07.10.2014 - 10:42


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега