ВИДЕО: Порнхаб конечно пронајде реклама достојна за Тајмс Сквер

 

Њујоршкиот Тајмс Сквер отсекогаш бил стратешко место за рекламирање на најдобрите брендови, поради што порнографската компанија Порнхаб се потруди да пронајде реклама која е доволно креативна и ефктивна, а која во исто време ги задоволува критериумите на Тајм Сквер.

Поради тоа претставниците на Порнхаб организираа натпреварување на кое се пријавија 3.000 различни уметници, фотографи и автори на рекламни текстови, а победата ја однесе Нури Галвер од Истанбул.

- Нашето стратечко решение бече раката. Нашата кампања поради тоа лесно ќе се интегрира во медиумите, а раката е едноставен, секојдневен и разбирлив поим па затоа е многу ефективен и полн погодок за оваа кампања, изјави Галвер.

Тој исто така ја осмисли одличната и креативна идеја за рекламно видео, во кое луѓе од различни националности и различни големини на рацете, заедно ја пејат  "All You Need Is Hand" со пропратна мелодија од популарната песна "All You Need Is Love".

Сепак, рекламата на Порнхаб вчера е отстранета од досега необјаснети причини.

11.10.2014 - 12:23


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега