Излажале илегалци дека се полицајци - им одзеле 2.000 евра

На патролата во патничкиот воз бр.630 кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а по тргнување на возот од железничка станица Згрополци кон железничка станица Велес, вчера пронајдени се две лица сириски државјани A.A.(33) и A.M.Б.(27).

Тие се пожалиле дека истиот ден во 06:00 часот во с.Згрополци-Велес, од страна на 4 лица облечени во цивилна облека кои биле со возило од непозната марка им била извршена кражба.

Имено, лицата ги сопреле илегалците и истите се претставиле како полициски службеници, при што им извршиле пребарување по облеката и им одзеле 2.000 евра.

По извршената кражба истите биле упатени на железничката станица Згрополци за да се качат во воз бр.630 кој наводно сообраќал кон Р.Србија.

Во 12:50 часот сириските државјани се пренесени во прифатниот центар за понатамошна постапка.

11.10.2014 - 13:08


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа