Одземено возило на странски државјанин при влез во Македонија

Вчера на Граничниот Премин „Табановце“ на влез во РМ, со возило „Голф“ со српска национална ознака, се пријавил 65-годишниот Б.С. при што од страна на полицијата при проверка на возилото утврдено е дека VIN бројот отстапува од оригиналноста.

Со потврда за привремено одземени предмети од Б.С. е одземено возилото и во 14,35 часот истиот е предаден за понатамошна постапка.

12.10.2014 - 15:01


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа