ФОТО: Бремена девојка се удави во Вардар

Дваесет и едно годишната Сабина Алити од тетовското селоСараќино, се удавила во водите на реката Вардар. Безживотното тело на трудницата денеска околу 10 часот го пронашол сопругот Зулхан. Претходно, вечерта половина час пред полноќ, во Полициското одделение Групчин било пријавено дека околу 19 часот Сабина заминала од домот во непозната насока, по што и се губи трагата. 

“Околу 19 часот од работа дома дојде брат ми Зулхан. Тој работи како надничар. Сабина остана надвор од куќата додека тој се миеше внатре, но кога излезе во дворот, Сабина ја немаше. Цела ноќ ја баравме но не можевме да ја најдеме. Сабајлево соседот и брат ми ги нашле влечките таму долу каде таа се пуштила во водата. Влегле во реката и нешто подолу го нашле нејзиното тело“ – рече деверот Муамет Алити, пренесе Дневник.

“До утринава до четири часот ја баравме. Моите деца ја бараа и во Групчин и во Тетово, но никаде ја немаше. Дури сабајлево ја најдовме во Вардар, тука, на стотина метри од нашата куќа“ – рече свекрвата Алтана Јашари.

Сабина била бремена во петтиот месец и во последно време, како што кажуваат од домашните, била забележително нервозна. Сакала заедно со сопругот да оди во Германија, но не можела да извади пасош.

13.10.2014 - 16:01
Фото: 
дневник


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа