Се огласи братот на албанскиот премиер
Братот на албанскиот премиер Еди Рама, Олси Рама кој е осомничен дека стои зад инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, еве што изјави тој за инцидентот.
– Немам ништо со леталото…не разбирам од каде е таа приказна, изјави Олси Рама по доаѓањето во Тирана.
По инцидентот вчера тој беше приведен на стадионот околу 40 минути, а потоа пуштен.
– Не сум ниту апсен ниту приведен. Кога се случи инцидентот ситуацијата стана хаотична и полицијата сите ги претресуваше. Им го покажав американскиот пасош и камерата. Тоа траеше неколку минути, тврди Рама кој во Тирана пристигна со делегација на албанската репрезентација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа