Страшна сообраќајка на Рузвелтова - мотоциклист заврши во болница

Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила околу 15:50 часот на раскрсницата со улиците „Франклин Рузвелт“ и „Павел Шатев“. Како што дознава Курир, до несреќата дошло при судир на автомобил „Тојота“ и мотоцикл, двете возила со скопски регистерски таблички.

Во сообраќајката со повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен во Градската болница „8-ми Септември“.

Увидот е во тек.

15.10.2014 - 16:40


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа