Ова се четирите можни решенија за инцидентот во Белград

Дисциплинската комисија на УЕФА ќе го расветлува инцидентот во Белград од прекинатиот натпревар Србија - Албанија. Итно заседавање во Нион, УЕФА не закажа, ја почна постапката со редовно собирање на изјави. Први беа сослушани челниците на двете федерации. Во очекување на одлуките, се анализира целокупната ситуација и во согласност со правилата за натпреварување во зависност кои аргументи ќе бидат презентирани во дополнителните извештаи од официјалните лица можни се четири опции за затворање на овој случај, пренесува Дневник. 

1. Ако вината во целост и биде префрлена на Србија како организатор на натпреварот, одлуката ќе биде регистрирање на средбата со службен резултат (3-0) за Албанија. 

2. Со службен резултат (3-0) може да биде регистриран натпреварот и за Србија, ако како виновник за инцидентот и прекинот биде оквалификувана гостинската репрезентација, чии играчи ги нападнаа домаќините за одземање на знамето. 

3. Можно е натпреварот да се преигра на неутрален терен, во термин кој ќе го одреди УЕФА, а за учесниците во инцидентот да изрече казни. 

4.Во игра е и повторување на средбата во Белград, но пред празни трибини. 

16.10.2014 - 10:08


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега