ЕВН Македонија и Штипскиот универзитет ја продлабочуваат соработката
ЕВН Македонија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ќе ја продлабочат научната, апликативната и техничката соработка меѓу двете институции.
Ова е договорено на работната средба на претседателот на Управен одбор на ЕВН Македонија,Вернер Хенгст и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Саша Митрев.
Предвидената соработката ќе значи заеднички проекти и практична настава на студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“, во капацитетите на ЕВН Македонија.
Од компанијата информираат дека ЕВН Македонија, веќе има долногодишна соработка со Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, „Св. Климент Охрдиски“ од Битола, „Универзитеот на Југоисточна Европа“ од Тетово, и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
ЕВН Македонија најавува дека ќе продолжи да ги поддржува студентите од студиските насоки за електро-енегетски системи, кои ќе имаат можност да бидат дел од програмите за стипендирање, пракса или Trainee програмата на ЕВН Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа