Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 11 јануари?

Претседателските избори во Хрватска ќе бидат одржани најверојатно на 11 јануари. Премиерот Зоран Милановиќ и актуелниот претседател Иво Јосиповиќ разговарале за датумот и според неофицијални информации на Вечерњи лист изборите би биле во втората недела од следната година.

Тој датум бил посочен поради неколку причини - „врвот“ на кампањата не би бил во празниците, а и зимскиот распуст се завршува на 9 јануари што значи дека до изборите би се вратиле и избирачите кои со деца заминале на зимување.

Вториот круг ако остане таа одлука, би се одржал на 25 јануари. Сегашниот претседател беше избран на 10 јаннуари 2010 година. Претседателот на Хрватска има мандат од пет години, а ограничен е на два мандата.

16.10.2014 - 12:05


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега