Студентка преживеала хорор во Скопје

Студентка од Гевгелија преживеала вистински хорор во Скопје. Се работи за 18-годишна гевгеличанка која започнала љубовна врска со 24-годишниот К.Б. од Скопје, кој минатиот месец со закани по нејзиниот живот почнал да и бара пари . Студентката која била сместена во студентски дом, го пријавила случајот во полиција, и на 10.10. се договорила со насилникот да се најдат кај студентскиот дом „Пелагонија“. Во моментот кога ги зел парите, скопјанецот бил приведен од страна на полицијата.

 

16.10.2014 - 12:30


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа