Македонска Каменица: Вработен во шумска полиција крадел дрва

Триесет и осум годишен жител на Македонска Каменица со иницијали  Г.З. полицаец во Шумска полиција заедно со 28-годишниот З.В и 47-гпдишниот Д.Н. двајцата од селото Саса заработиле кривични пријави за кражба.

Г.З. освен кривична за кражба заработил и кривична за “злоупотреба на службената положба и овластување”  во петокот ги упатил второ и трето пријавениот на во атарот на с.Саса, при што истите со товарно моторно возило со делчевски регистарски таблици отишле на наведеното место од каде од поголема количина на дрва одзеле околу 12 метри просторни букови дрва сопственост на Македонски шуми кои предходно биле исечени и складирани на наведеното место.

Направена е штета од 31.128 денари.

16.10.2014 - 12:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа