Путин- Николиќ: Ние сме биле и ќе останеме пријатели и ќе соработуваме на секое поле

Тоа што сте тука денес е наша огромна чест.

Вака започна, српскиот претседател Томислав Николиќ обраќајки му се на рускиот претседател Владимир Путин.

-Ние ја продлабочуваме соработката. Србија има поголеми и помали пријатели, а Русија ја сметаме за наш голем пријател. Ние размилсуваме како што размислувале нашите претци, а така ги учиме и новите генерации. Нас не поврзува не само јазикот, верата, традицијата и културата туку и тоа што секогаш сме биле на иста страна. Поддршката која ни ја дадовте во однос на Косово и Метохија ни е особено значаен. Србија во Русија гледа голем пријател и соработник. Србија нема да покаже никакво лошо однесување кон Русија, истакна Николиќ.

Рускиот претседател се заблагодари за поканата, особено му е чест поради тоа што се болреле за иста страна и за правилен принцип.

-Има многу работи кои во минатото ги поминавме заедно а и ќе ги направиме во иднина. Станува збор за принцип, а тоа е и нашиот став за Косово. Ние сме биле и ќе останеме пријатели и ќе соработуваме на секое поле, потенцираше Путин.

16.10.2014 - 13:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега