Идентификувани насилниците кои дивееја по натпреварот Србија-Албанија

СВР Тетово по преземени мерки во врска со нарушувањето на јавниот ред и мир со гласно викање, скандирање, недолично однесување, неовластено пукање со пиротехнички средства, свирење со автомобилски сирени и со чкрипење на гуми од повеќе возила што се случи на 14.10.2014 година околу 22,30 часот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“ во Тетово. Повикани се 6 лица кои по документирање на случајот се санкционирани. Против пет лица се поднесени платни налози за сторен прекршок по чл. 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир додека против едно лице е поднесен платен налог за сторен прекршок по чл. 4 од истиот Закон. Се работи на идентификување и на други лица инволвирани во нарушањето на јавниот ред и мир.

16.10.2014 - 14:50


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа