Брегалница исфрли женски труп

Во водите на реката Брегалница во непосредна близина на детската градинка „Астибо“ околу 13 часот пронајден е женски труп. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека станува збор за жена над 65 години, а ја забележал случаен минувач.

Станува збор на жена со инцијали С.Ј., која полицијата ја идентифукавала, поради легитимацијата која била во џебовите на нејзината облека. Командирот на Противпожарната единица, Кире Патраклиски вели дека биле повикани да интервенираат, со што пожарникарите само го извадиле трупот од реката.

Риболовците кои секојдневно се покрај реката Брегалница велат дека е чудно како оваа жена успеала да се удави во реката, ако водостојот во моментов е само над 35 сантиметри. Екипи на СВР-Штип и на Основното јавно обвинителство се на терен и во тек е увидот на лице место, со што ќе се утврди дали станува збор на насилна или природна смрт. 

16.10.2014 - 16:06


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа