Бушати: Србија да ги повлече навредливите изјави за Албанците

Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати денеска побара Србија да ги повлече сите свои навредливи изјави против Албанците.

Според Бушати, српската страна употребила јазик на омраза, коментирајќи го инцидентот кој се случи за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија Албанија на стадионот на Партизан во Белград, поради што ја повика да се дистанцира од сите провокации. 

- Вчера имавме реакции од српскиот претседател и премиер и од Фудбалската федерација на Србија и заеднички елемент на сите тие изјави беше јазикот на омраза против Албанија. Со жалење констатираме дека очекуваме од српските официјални претставници да се дистанцираат од ваквите изјави. Регистрирани се елементи кои не се полза на Србија и се во спротивност со правилата на ЕУ, нагласи шефот на албанската дипломатија.

Тој додаде дека Албанија внимателно ги следела сите случувања во врска со инцидентот и констатира дека албанскиот амбасадор во Србија не можел да ја извршува својата должност, бидејќи српската страна го уапсила и подоцна незаконски им ги одземала документите на членовите на делегацијата.

Бушати, меѓу другото, упати јасна порака дека спортот треба да се одвои од политиката и секоја страна треба да преземе одговорност.

16.10.2014 - 16:25


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега