Шукер: Жал ми е за немилите настани во Белград

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Давор Шукер, изјави дека му е жал поради немилите случувања на натпреварот помеѓу Србија и Албанија и изрази надеж дека ќе реагираат сите фудбалски инстанци.

„98 проценти од луѓето присутни на натпреварот сакале да го гледаат фудбалскиот натпревар и оние 2 процента не сакале, но да не навлегувам кој е виновен, бидејќи не ја гледав видео снимката“, рече Давор Шукер, а пренесува хрватската новинска агенција Хина.

Претседателот исто така изрази надеж дека по повод овие несакани настани ќе реагираат и Светската и Европската фудбалска организација (ФИФА и УЕФС) како и сите инстанци.

Натпреварот меѓу Србија и Албанија беше прекинат во вторник вечерта, по инцидентот кога над теренот се појави знамето на Голема Албанија.

Поради ова се случи и тепачка во која учествуваа фудбалерите на двата тима, како и навивачите на домашниот терен.

16.10.2014 - 18:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега