„Сечеле нелегано дрва“ - фатени двајца дрвокрадци во Охрид

Полициската станица во Охрид  поднесе кривична пријава против 48-годишниот Д.Б. и 20-годишниот М.Б.  двајцата од село Велгошти, охридското поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“.

На 14 октомври во атарот на селото Велгошти, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,2 метри просторни буково огревно дрво во сурова-свежа состојба. Пријавените транспортот го вршеле на локалниот пат со патничко возило џип „Нисан Патрол“ без регистарски ознаки управувано од првопријавениот, без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт.

19.10.2014 - 12:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа