Бил Павлески: Рафинеријата во Прилеп ќе биде една од најсовремените во светот

Министерот за привлекување странски инветсиции, Бил Павлески, годинава на одмор беше во Мариово. Со техничките екипи од Дупонт од САД и Етанол Јуроп Рењуабл од Ирска, помина неколку дена од август на запуштените локации во прилепскиот дел од Мариово. Во интервју за економски.мк вели дека се исплатело што годинава го пропуштил одморот. Двата гиганти во светот во производство на целулозен етанол донесоа одлука за заедничка инвестиција во Мариово која ќе го заживее регионот и ќе отвори 1000 нови работни места.

Инвестицијата вредна над 250 милиони евра ќе почне да се реализира во 2016 година. Опфаќа изградба на рафинерија во Прилеп, но и обрабортка на над 15.000 хектари напуштено, деградирано државно земјиште во Мариово. Таму ќе бидат засадени растенија од кои може да се добие етанол. Проектот ќе го заживее и Мариово, но и земјоделствто во земјава затоа што за потребите на прилепската рафинерија ќе бидат окупувани сите земјоделски производи кои содржат био маса, меѓу нив и дел од тутунот, кој најмногу го има во овој регион. Компанијата Пелагонија етанол ќе значи живот за Прилеп, за земјоделствто и за цела Македонија.

Рафинеријата во Прилеп ќе биде една од најсовремените во светот, само уште во Ајова, САД во тек е реализацијата на сличен проект.

Министерот Павелски во интервјуто за економски.мк вели дека при крај се преговорите со уште неколку компании, дел од нив веќе донеле одлука да инвестираат во Македонија, од дел се очекува наскоро да го сторат тоа, имињата многу скоро ќе бидат објавени. Негова цел во Македонија не е да брои колку компании донел, туку колкава е придобивката за земјата од тоа што го сработил.

Целото интервју прочитајте го на Економски 

19.10.2014 - 13:17


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега