Постојано плаче - актерот во тешка психичка состојба откако прегази жена со автомобилот

Актерот Емир Хаџихафизбеговиќ по операцијата на раката вчера утро е пуштен на домашно лекување од болницата во Нова Градишка. Емир повредите ги заработи во сообраќајната несреќа во која ја усмрти 66-годипната Анкица Кудуз кога со возилото налета на неа. 

- Емир физички е многу подобар, но и натаму е во тешка психичка состојба. Тој би сакал да го посети семејството Кудуз, но засега не е подготвен на тоа. Се уште не може да се сети како се случи несреќата, но по цел ден му идат солзи на очите бидејќи никогаш не бил во таква ситуација. Кој знае до кога тоа ќе го држи бидејќи нема мир ниту секунда, раскажува извор за хрватските весници.

Сопругата на Емир Аида рече дека заедно со Емир испратила телеграма со сочувство до семејството на настраданата, но и дека ќе стапи во контакт со нив кога ќе помине некое време. Таа истакнува дека на нејзиниот сопруг му е многу тешко, дека постојано плаче и дека се уште не се сеќава како се случи несреќата.

20.10.2014 - 10:25


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега