Манчестер Јунајтед се спаси од пораз на гостувањето кај ВБА

 

Повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Јунајтед успеа да се спаси од пораз на синоќешниот последен натпревар од 8.коло од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ на гостувањето кај Вест Бромвич Албион со погодок во 87.минута го изедначија резултатот на 2:2.

Со голот на Стефан Сесињон домаќинот поведе во 8.минута. На почетокот на вториот дел Маруан Фелаини во 48.минута изедначи на 1:1, а ВБА дојде до ново водство во 66.минута преку Саидо Бераино. Голот за еден бод за Манчестер Јунајтед во 87.минута го постигна Делеј Блинд.

Манчестер Јунајтед со 12 бода остана на 6.место на табелата, додека ВБА со 9 бодови е на 14.место.

Лидер на табелата е Челзи со 22 бода, пред шампионот Манчестер Сити со 17.

21.10.2014 - 09:47


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега