Грција ја блокира и Турција за влез во ЕУ

Грција сака да ги „замрзне“ преговорите на Турција за влез во ЕУ.

Атина и Никозија ја разгледуваат можноста за „замрзнување“ на преговорите за членство на Турција во Европската унија, како мерка против навлегувањето на турскиот истражувачки брод „Барбарос“ во специјалната економска зона на Република Кипар.

Како што пишува весникот „Вима“, националниот совет на Кипар денеска треба да излезе со конечна одлука за ова прашање, кое беше отворено откако „Барбарос“ почна сеизмички истражувања, со цел откривање на јаглеводороди, навлегувајќи во специјалната економска зона на Кипар.

Се очекува мерките, кои ќе ги преземе Советот да бидат од политичка, правна и дипломатска природа.

Барањето за замрзнување на преговорите на ЕУ со Турција би можело да биде поставено за време на престојниот самит на Унијата на 23 и 24 октомври во Брисел.

21.10.2014 - 16:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега