Карванот на Саеми за вработување утре во Неготино

 

Карванот на Саеми за вработување, во организација на Агенција за вработување на Република Македонија, утре продолжува во Неготино.

Како што соопштуваат од Агенцијата, на саемот што ќе се одржи во ОУ „Страшо Пинџур”, ќе се претстават 50 компании.

Целта на саемот е да се помогне при доближувањето на компаниите до граѓаните, како и преглед на побарувачката и понудата на пазарот на труд. 

На саемот ќе се обрати директорот на Агенција за вработување на РМ Влатко Поповски, а свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите учеснички.

Првиот Саем за вработување од Карванов се одржа во Скопје.

23.10.2014 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега