Живица Туциќ: Руската црква не сака автокефална МПЦ

-Македонците секако дека заслужуваат автокефалност. Стариот принцип на православието е: еден народ, јасик, една држава и воља на верниците, доволно е по канонскиот принцип да се прогласи самостојност. До тоа ќе се стаса. Освен Грција, сметам дека и Русите имеаат резерва кон автокефалијата, бидејќи во спротивно никој не би можел да ја оспори и автокефалноста на Украина, а потоа и Молдавија и Белорусија. Од тука, руското “посредување”, неможе да ви помогне, вели во саботното интервју за Прес24, верскиот аналитичар од Белград, Живица Туциќ.

За него, денес десет години по Нишкиот договор, се појасно е дека МПЦ направила гршека што не го прифатила, бидејќи тој досега ќе ја псотигнел целта на самостојна црква.

-Нишкиот договор, според мене, беше единствената прилика прашањето на црквата во Македонија да се постави на пат на решавање. Кога тоа пропадна, развојот на дијалогот тргна во правец на оддалечување, па и кон конфронтации. Тоа тешко ќе се исправи, вели Туциќ за Прес24.

Туциќ во саботното интервју за Прес24, ги анализра и состојбите во ромокатоличката црква по изборот на новиот Папа, Франциск.

-Христијанството не е во опасност да исчезне, тоа е во фаза на преиспитување, не на догмата, верувањето, туку на праксата. Црквите внатре, во себе, треба да се менуваат, бидејќи времињата исклучително се променија, вели Туциќ, потенцирајќи дека наследникот на Бенедикт 16 не е човек кој ќе донесе промени во ватикан.

ПРЕС24.МК: Господине Туциќ, на почеток да дефинираме еден терминолошки аспект. Фрањо, Франциск, Францис,? Кое е всушност правото име. Од каде потекнува ова име на новиот Папа?

ТУЦИЌ:  Јас мислам дека ние како Срби, а така и Македонците дека треба да го нарекуваме Францискус, или Франческо. Папата го зеде името по Свети Франческо Ди Асиси, на Италијаните не би требало да им ги преводиме личните имиња. На пример, Кралицата Елизабета не ја нарекуваме Јелисавета, или Анџела Меркел во Анџелику. Германците не го нарекуваат Франц, туку Францискус. Но, по се изгледа дека ќе остане како Папата Фрањо, не е ниту тоа трагично, а и тешко е сега тоа да се промени. Новинарите мораа брзо да реагираат кога беше избран и да користат некое име. Ако Македонците го нарекуваат Франциск(о), тоа е подобро отколку Фрања, (Фрањо).

ПРЕС24.МК: Централен настан во светот изминатава недела беше изборот на новиот поглавар на римокатиоличката црква. Прв пат тоа е Папа надвор од Европа. Католичкиот свет очекува многу од Франциск. Дали тој може да биде надеж за христијанството?

 ТУЦИЌ:  Ниту во Католичката црква од новиот Папа сите не очекуваат многу. Јас му давам, не како на политичарите 100 дена, туку една година. Не верувам дека тој е човек на промени, а кои се многу важни, не само за Католичката црква, туку за целиот христијански свет. Се знае кои се проблемите на Ватикан, на пример имате став на 400 германски најугледни теолози за тоа. Тие констатираат дека “Црквата е во криза”. Новиот папа почна навистина пријатно, спонтано, блиско до луѓето, но тоа не значи дека сеопфатно ги сваќа проблемите на црквата. Познато е дека црквите се спори на промени. На западот е многу актуелно прашањето за целибатот, положбата на жените, сексуалните малцинства, но и римскиот црковен централизам кој постана контрапродуктивен.

ПРЕС24.МК: Франциск на тронот во Ватикан доаѓа во еден исклучително сложен период за католичката црква. Предвременото замунување на Бенедик 16, но и во време кога католичкиот свештенички клир го тресат како никогаш досега во поновата историја скандалозни моменти, од педофилија, преку финансиски малверзации, па се до хомосексуалност?

ТУЦИЌ:  Времето на папата Бенедикт, како и неговиот претходник, е време на застој, многу актуелни теми и тенденции не се анализирани, ниту пак е баран одговор. Некои во прашање ги доведуваат и одлуките на Вториот ватикански собор. Сите цивилизациски проблеми се одразуваат и на црквата и во неа има скандали, недопустливи, тоа не може да се спречи. Важно е кога ќе дојде до тоа правилно да се реагира, а не да се прикрива, да се создадат механизми во иднина тоа помалку да се случува. ПапатаБенедикт како да не можеше да замисли дека во црквата сето тоа го има и во тие размери. Верниците почнаа да се оддалечуваат од црквата, но тоа пак не значи и по автоматизам и од Бога. Црквата мора вредно да работи на чување и создавање на кредибилитетот, бидејќи тој не и е загарантиран. Во земјите со мнозинство христијани навистина е важно црквата да не биде проблем, туку на луѓето да им стои на располагање.  

 ПРЕС24.МК: Ако Франциск рече дека ќе продолжи по патот на Бенедикт 16, дали тоа може да се толкува како продолжување на битката против таквите негативности во католичката црква или пак, тоа може да се толкува како откажување од таа битка, ако се земе в предвид неговото повлекување од поглавар, кое се поврзуваше со неможноста да се справи со овие појави?

ТУЦИЌ:  Искрено речено, новиот Папа не би требало да го продолжи патот на Бенедикт. Тој треба да внесе нови акценти и идеи, да има храброст да може да го направи Третиот ватикански собор за неколку години. Таквите собори траат долго, последниот кој беше завршен 1965, траеше речиси три години, и донесе епохални одлуки. 

ПРЕС24.МК: Кои се Вашите анализи, зошто Бенедик 16 замина од Ватикан?

ТУЦИЌ:  Папата Бенедикт заслужува почит за тоа што констатираше дека не е, не само поради староста, во состојба да се соочи со новите и старите проблеми на црквата. Тој не можеше да се издигне над своите конзервативни ставови и да направи нови продори, не доведувајќи ја верата во прашање.  Тој е голем теолог, но на црквите им е потребен и добар управител, визионер, особено на таква голема. Негвото окружување во Ватикан (курија), со него не соработуваше доволно. На крајот Бенедикт остана сам. Иако и тој сам себе си доста се изолираше.

ПРЕС24.МК:  Усоличувањето на Франнциск во вторникот го одбележа еден историски настан. За прв пат во Ватикан дојде првиот меѓу патријарсите од Православниот свет. Колку овој чин е куртоазна симболика, а колку сериозна алка за надминување на илјада годишниот раскол меѓу Рим и Константинопол?

ТУЦИЌ:  Всушност, никогаш во историја цариградски патријарх, вселенски, не присуствувал на устоличување на “патријархот на западот “ - папата. Доаѓањето на патријархот Вартоломеј во Рим, не е само симболика, туку израз на далбокото разбирање за потребата од единство на христијаните. Цариградскиот патријарх воедно е и израз на православието.  Папата и патријархот се договориле да се состанат 2015 година. На устоличувањето беше и Ерусалимскиот патријарх, другите цркви имаат високи претставници, како на пример, српска и руска, бугарската го бојкотираше. Исто така и Евреите и муслиманите. Теолошки православно-католичкиот дијалог, кој повторно е во некој мал застој, мора да продолжи. Двете цркви се исклучително блиски.

Кога патријархот и папата ќе се сретнат во јануари 2014 во Ерусалим, по повод 50 години од симнување на меѓусебната анатема, ќе се создаде биланс. Во тие односи за половина век е постигнато многу, односите не се напнати, иако можеше и мораше повеќе од тоа. Мислам дека папата Фрањо е навистина заинтересиран за екуменизмот. 

 ПРЕС24.МК: Господине Туциќ, многумина европски и светски верски аналитичари предупредуваат дека христијанството е во опасност. На истокот од сериозниот притисок од радикалните исламисти, на западот пак од се поголемата секуларност што ја промовира модерната европска политика.?

ТУЦИЌ:  Црквите во секуларизмот итекако добро се снаоѓаат, тој за нив не е опасност, ако тие делуваат во рамки на својата мисија. Христијанството не е во опасност да исчезне, тоа е во фаза на преиспитување, не на догмата, верувањето, туку на праксата. Црквите внатре, во себе, треба да се менуваат, бидејќи времињата исклучително се променија.

Радикалниот ислам, исламизмот, не е верска, колку што е политичка и безбедносна опасност, загрозувајќи го светскиот мир. Исламот треба јасно да се дистанцира од екстремизмот, но тоа не го прави. За да кај другите нема толкави резерви кон исламот, во тоапрвенствено мора да помогнат муслиманските водачи. Без мир меѓу религиите, нема мир во светот.

ПРЕС24.МК: Сите обиди Европа да ги признае и институционално да ги потенцира своите христијански корени наидоа на отпор во Европската Унија. Од што се плашат европските политичари?

ТУЦИЌ:  Европската унија не се противи на христијанските корени, тие се основа на европската цивилизација, како и римското право. Тоа не се оспорува. Се очекува од сите цркви да дадат допринос кон разбирањето на народот и верата. ЕУ е верски “неутрална”. Некои големи цркви сакаат да имаа поголемо значање, но тоа не се практикува. Многу цркви имаа свои претставништва во ЕУ, иимаат итекако прилика да се чуе нивното мислење. ЕУ нема некоја “верска политика”, религијата остана во доменот на државите членки.   Наследството на Европа е секуларизам – одвоеност на верската сфера од државата, но не и од општеството. Секуларизмот во суштина е добар и за верските заедници. 

ПРЕС24.МК: Не мислите ли дека форсирањето на секуларизмот до крајни граници го зајакнува атеизмот, кој полека во светот прераснува во сериозна религиска организација

ТУЦИЌ:  Секуларноста на државата е наследство од крајот на 20 век, во Франција пред 100 години е воведен лаицизмот, кој значи доследно одвојување на јавното од верското. Меѓутоа постои секуларизација на општетсвото, одвојување на верниците од црквата од разни причини, нивно незадоволство од црквата. Атеизмот одсекогаш бил и тој мора да има слобода. За секое општество е добро да има добри верници, тие се добри граѓани, соседи, колеги, солидарни, ако не ги кршат Божјите заповеди, тоа е навистина добро за секое општество.

ПРЕС24.МК: Да се префрлиме на домашните православни теми, кои иако се религиозни, сепак ги оптеретуваат политичките однои меѓу државите на Балканот. Македонското црковно прашање? Има надеж за него?

ТУЦИЌ:  Меѓуцрковните и меѓуверските односи на Балканот се уште не се средени, нема релаксација, слаби се контактите. Српскоправославно-католичките односи се важни, тука доаѓа до одредено попуштање, минатата година Патријархот Иринеј беше во Загреб. Меѓутоа оневозможено е Папата оваа година да дојде во Ниш на одбележување на Миланскиот едикт. 

Во Црна Гора со дозвола на власта делува  и група која се нарекува Црногорска православна црква. Таа нема капацитет за црква. Нејзе никој не треба да ја споредува со МПЦ која е вкоренета во народот и ги има развиено сите потребни структури.

Да постои “македонското црковно прашање”, тоа им е јасно на сите, како и тоа дека ги оптеретува односите меѓу Белград и Скопје. Јас го поздравувам тоа што го констатираат и двајцата претседатели на двете држави и дека се подготвени да помогнат. 

ПРЕС24.МК:  Дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ речиси и да не постои. Знам дека и Вие ќе одговрите дека СПЦ тоа го условува со судските процеси и апсењето на Врнишковски. Но, во изминативе десет години имаше периоди кога Јован не беше в затвор, но и тогаш немаше никаков напредок во дијалогот МПЦ-СПЦ?

ТУЦИЌ:  Точно е тоа, меѓутоа тоа што Врнишковски не е по прв пат во затвор, за православите цркви, како Белград, така и Цариград и Москва е неприфатливо. Тоа не и оди во корист на Македонија. Ако тој би бил слободен, СПЦ не ми божела да каже дека има други причини за непродолжување на дијалогот.

Пред десет години мислев дека набргу ќе се направи сеправославен собор кој би ги прецизирал условите за стекнување автономија и автокефалија. Сега од таков Собор сме далеку, И да биде свикан во следните десет години на неговиот дневен ред нема да биде прашањето за автокефалијата. Тој изгледа може да се одржи само по осум прашања, а две предвидувања би изостанале, бидејќи за нив нема договор. Деветото прашање е автокефалноста, десетото диптихот. Тоа е нерешено и така останува. Јас мислам дека московската патријаршија, со црквите блиски до нејзе е одговорна за оваа блокада. Таа сака однапред да наметне некои одлуки, или да воведе “едногласност”, консензус, а не мнозинско одлучување.  

ПРЕС24.МК: Јован е под истрага поради финансики малверзации и веројатно не е единствениот таков случај во православниот свет. СПЦ на пример го има истиот третман кон поранешниот рашко-призренески епископ, г. Артемије?

ТУЦИЌ:  Да, епископите во епархиите имааат потполноправо да располагаат со парите, што не е добро. Тие одредуваат во што парите ќе се трошат. Во Грција на пример не е така, епархиите мораат да имаат завршни сметки на приходите и расходите. Православната црква на Америка постојано е во некои “парични скандали”. Црквите на запад итекако транспарентно ги водат финасиите, така што ексцесите се неможни, државата има право да ги контролира сите институции кои се во контакт со пари, исто така и црквите.

 

ПРЕС24.МК: Руската Црква уште во 2002 апелираше, а колку што мене ми е познато и покојниот Патријарх г.г. Павле бил против создавањето на паралелна црковна ерархија во Македонија. Десет години подоцна се покажа дека насилно наметната воља на Иринеј Буловиќ, Пахомије, и уште неколкумина српски владици не го реши црковното прашање во Македонија?

ТУЦИЌ:  Постоењето на две, или многу повеќе црковни структури, како што тоа е случај во Украина, не е регуларна состојба. Како што раков, Нишкиот договор, според мене, беше единствената прилика прашањето на црквата во Македонија да се постави на пат на решавање. Кога тоа пропадна, развојот на дијалогот тргна во правец на оддалечување, па и кон конфронтации. Тоа тешко ќе се исправи. За тоа е потребна сеправославна согласност.

ПРЕС24.МК: Колку црковното прашање во Македонија е политичко, а колку црковен проблем?

ТУЦИЌ:  Тоа е и политичко и црковно. Политичко е во таа мера затоа што на Балканот се е политизирано, така и името на Вашата Република. Ставот на Грција, а исто така и на грчката црква е познат. И кај Вас мора да се покаже поголема широчина и далековидост, мора да излезете од блокадите, премногу проблеми Ве погаѓаат, нешто што мене навистина ме боли. И на вас ви е тешко да се снајдете, заморени сте, можеби и обесхрабрени од се. Заслужувате далеку поголема велекидушност.  

Јас да сум Македонец, на пример не би ми пречело името, “Северна Македонија” Инсистирајте МПЦ да го носи тоа име. 

ПРЕС24.МК: Што мислите дали Македонија, македонските православни верници заслужуваат своја автокефална македонска православна црква?

ТУЦИЌ:  Македонците секако дека заслужуваат автокефалност. Стариот принцип на православието е: еден народ, јасик, една држава и воља на верниците, доволно е по канонскиот принцип да се прогласи самостојност. До тоа ќе се стаса. Освен Грција, сметам дека и Русите имеаат резерва кон автокефалијата, бидејќи во спротивно никој не би можел да ја оспори и автокефалноста на Украина, а потоа и Молдавија и Белорусија. Од тука, руското “посредување”, неможе да ви помогне.

ПРЕС24.МК: Каде е всушност проблемот, зошто СПЦ инсистира на автономен, а не на автокефален статус?

ТУЦИЌ: Вообичаено е некој простор пред автокефалност да има статус на автономија некое време, иако тоа не мора да е така. Мислам дека пред 10 години МПЦ требаше да го прифати и примени Нишкиот договор, веројатно во меѓувреме ќе беше самостојна, бидејќи ќе покажеше дека може добро да функционира, а другите православни цркви ќе увидеа дека е постигнат напредок и смирување. Автономија како прв степен во црковната пракса може да биде нависнина, навистина широка, не требаше толку да се плашите од нејзе. Секому му препорачувам повторно да го прочита текстот на Нишкиот договор, мислам дека тој, во тој момент беше голем компромис, двете страни беа со добивка.

ПРЕС24.МК: Многумина аналитичари во Македонија оценуваат дека СПЦ всушност не сака да се откаже од духовната контрола врз врскиот живот во Македонија и затоа не дозволува автокефален статус на МПЦ. Ако не беше така, Јован и неговата ПОА досега одамне ќе беа прогласени за автокеална црква во Македонија?

ТУЦИЌ:  Ви реков дека не е лесно да прогласите автокефалност, тоа не зависи само до “мајката црква”, туку од расположението во целото православие. Имаме многу децении “автокефална”, Православна црква во Америка (ОЦА), дадена од Москва, а другите не ја признаваат, па ниту Белград. ОЦА не е на диптихот, освен на московскиот. Автокефалноста е “вистинска”, дури тогаш ако со свој томос ја потврди Цариградската патријаршија, тоа е духовен центар на светското православие и најголема инстанца. Цариград е “мајка” и на Белград и на Москва. 

ПРЕС24.МК: МПЦ не е единствената црква која го има истоит проблем. Се чини дека во речиси секоја православна дежава има по некој раскол. Не е ли ова сериозен проблем, за кој православната црква треба да најде соодветно решение?

ТУЦИЌ:  Православието е во големо превирање, во него има поприлично проблеми, конфликти, етнофелитизам.. Календарската поделба е исто така неприфатлива. Нема ниедна православна земја во која не постои плурализам во православието. Во Грција има поголеми и помали старокалендарски групи, во бугарија исто така неколку, како и во Романија. Во Русија има десетина, ако не и повеќе цркви кои се повикуваат на православната традиција. Државата единствено ја признава како национална, а на останатите не им пречи во работата.

Сите православни цркви сакаат да бидат блиски до државите, власта, тежнеат кон некоја “симфонија”, која е неможна. Државите се секогаш помоќни од црквите, акаат да ги контролираат, честопати и успеваат во тоа. Црквата треба да биде блиска до народот, верниците, сиромашните, маргинализираните, Христос е меѓу слабите, а не меѓу моќните, властодршците и олигарсите.

23.03.2013 - 13:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега