Интересот огромен - „вриело" од луѓе на првиот саем за „Купи куќа, купи стан“
Над 50.000 посетители во изминатите три дена се информирале за проектот „Купи куќа, купи стан“ на Првиот саем што за овој проект се одржува во Скопје сити мол.
Саемот почна на 24-ти овој месец, а заинтерисираните на едно место можат да добијат информации за становите кои се нудат и се вклопуваат во овој проект, како и за можноста за добивање на субвенционираниот кредит преку комерцијалните банки.
Граѓаните пројавуваат интерес за проектот и го оценуваат како одличен. Според посетителите, понудите се интересни. Го посетиле саемот за да соберат повеќе информации и да донесат одлука. Некои се за да обезбедат прв сопствен дом, а некои за да добијат поголем комфор и да купат поголем стан од она што го имаат.
Градежните компании, исто така, посочуваат дека интесот бил голем и дека дневно поминувале и по 20.000 посетители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа