Јана од Скопје е милионитиот патник на скопскиот аеродром

 

Скопјанката Јана Ивановска е милионитиот патник на Скопскиот аеродром „Александар Велики“. Таа денеска пристигна со летот на авиокомпанијата Визер на релацијата Ајнтховен – Скопје. 

- Ова е изненадување и не очекував вакво нешто, изјави Ивановска, по пречекот на Скопскиот аеродром на кој присуствуваа раководството на концесионерот ТАВ Македонија и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Ивановска ќе добие викенд-патување за двајца во Истанбул и парична награда.

28.10.2014 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега