Не е сообраќајка: Еве како починал мажот во центарот на Скопје

Непознато машко лице почина утринава во центарот на Скопје.

Како што информираат од СВР Скопје, на мажот чиј идентитет се уште не е познат, додека возел мотор му се слошило и паднал на булеварот „Кочо Рацин“.

Лекарски екипи по пријавата излегле на терен, но за жал само можеле да констатираат смрт.

Полицискиот увид е во тек, по што ќе бидат познати повеќе детали.

 

 

 

03.11.2014 - 12:09
Фото: 
Телеграф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега