Каков татко: Му нашол марихуана на синот и го однел во полициската станица во Виница

Полициската станица во Виница поднесе кривична пријава против В.С. (16) од Виница, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекусори“. 

На 16 септември во Полициската станица во Виница дошол  Т.С. заедно со неговиот син В.С. и на полициските службеници им предал наркотична дрога, што ја пронашол и одзел од неговиот син.

Исто така, на негово барање извршен претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени 12 семки „канабис сатива“, а по извршено вештачење на донесената дрога е утврдено дека се работи за 75 грама наракотична дрога марихуана.

03.11.2014 - 23:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега