Мигранти направиле сообраќајка па избегале - четири возила се искршија кај Романовце

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот, кај наплатната рампа Романовце на автопатот Скопје-Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу „комбе“ со бугарски национални ознаки управувано од 46-годишниот Н.С. од Куманово, возило„форд орион“ управувано од 39-годишниот Д.А.  “авео” со скопски ознаки управуван од 39-годишниот скопјанец Н.П. и “киа” управувана од 33-годишниот кумановчанец Б.Б.

Според податоците од полицијата, во “форд орион” се превезувале четворица мигранти од кои двајца заедно со возачот избегале по верижниот судар. Двајцата  мигранти кои останале во возилото се приведени во СВР Куманово и по обавен разговор утврдено е дека се државјани на Сирија и истите изјавиле дека откако илегално влегле во Р Македонија, се упатиле кон Куманово, при што запрело патничко возило „форд орион“, а со возачот мигрантите се договориле за сума од 400 евра да ги превезе до селото Лојане.

Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле Н.С., еден сопатник од возилата и мигрант од Сирија, по укажана лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување. По преземени мерки приведен е и Д.А., по целосно расчистување на случајот против исиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Странските државјани се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

04.11.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега