Се отвори братот на Жељко Јоксимовиќ

Помладиот Јоксимовиќ го води „Фантастик шоу“ на Прва со Наташа Павловиќ, а вели дека имал трема кога за прв пат сфатил што значи да се биде водител.

-Имав “фрка“, бидејќи ме гледаат милион луѓе кои од мене очекуваат да не бидам досаден. Парите не беа главна причина што го прифатив ангажманот во Гранд, кога ја видов сценографијата, сценариото и продукцискот нивно морав да ја прифатам таа работа, изјавил Саша Јоксимовиќ.

Неостварена желна на актерот и водител му е бакнеж со Џесика Алба.

-Знам дека би имал трема, но нема да ми пречи. Нека се стопам, ама да ја бакнам Алба, вели тој.

Во врска со Жељко, Саша вели:

-Многумина велат, лесно му е нему, тој му е брат на Жељко, но тоа се предрасуди. Никогаш поради него не сум имал протекции, ниту сум ги користел, иако можеби сум можел, искрено вели Јоксимовиќ.

Извор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега