Има и бетер: Ако возите со 2 промили алкохол во крвта полицијата ви го одзема автомобилот

Српското Министерство за внатрешни работи денеска претстави измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кои е предвидено трајно одземање на автомобилот при драстично непочитување на правилата.   Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ нагласи дека целта на тој предлог-закон, кој наскоро ќе се најде пред парламентарците, е заштита на животот на сите учесници во сообраќајот.  Според него, одземањето на автомобилот е заштитна мерка и ќе се применува за прекршоци како што е управување без возачка дозвола или управување возило со над два промила алкохол во крвта.  Овој предлог-закон доаѓа само неколку дена по трагичната сообраќајка во која три млади лица го загубија животот излетувајќи со нивниот автомобил во реката Дунав. 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 23:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега