Церар и препорача на Србија да ги поддржи санкциите на ЕУ против Русија

 

 

 

Словенечкиот премиер Миро Церар, во интервју за виенскиот дневен весник „Пресе“, на Србија и препорача да ги поддржи санкциите на ЕУ против Русија.

Запрашан дали Србија треба да учествува во санкциите на ЕУ против Русија Церар кажа дека таа одлука му ја препушта на Белград.

- Србите треба да знаат кој политички сигнал го испраќа до ЕУ доколку барем ни делумно не учествуваат. Доколку Србија сака да биде сериозен кандидат за ЕУ тогаш мора да ги прифати нашите европски правила, нашата политика, подвлече шефот на словенечката Влада.

Церар во интервјуто истакна дека ЕУ „на Русија мора да и покаже каде се границите“.

На констатацијата на весникот дека постојат индиции дека Русија има намера да го засили својот ангажман на Балканот, тој изјави дека тоа прашање е оптоварено со украинската криза.

- Во економски поглед ЕУ мора да остане отворена кон Русија. Ние сме соседи и мораме да соработуваме. Истовремено, ЕУ не смее на Руската Федерација да и дозволи да ги менува границите со воена сила, рече Церар, подвлекувајќи дека тоа е неприфатливо.

Тој потврди дека добил понуди од Русија за словенечките државни претпријатија и најави дека сите исто ќе ги третира доколку не го кршат словенечкото или европското право.

-Секако дека Русија има политичка стратегија за Балканот, но, истовремено, мораме да се приддржуваме до законот, укажа Церар, порачувајќи дека руските инвеститори се добродојдени.

Зборувајќи за политичката ситуација во Словенија тој оцени дека Словенците и самите, во поголем дел, се одговорни за кризата.

„Правната држава и основните вредности се ослабнати, политиката корумпирана, банкарскиот сектор миниран“, укажа Церар изјавувајќи дека општото расположение во Словенија е многу лошо и дека граѓаните ја сметаат политиката одговорна за неуспехот.

Заради тоа, додаде Церар, приоритет на неговата работа ќе биде повторното воспоставување политичка стабилност во Словенија, кревање на нивото на политичка култура и засилување на правната држава, бидејќи таквиот ред создава подобро деловно опкружување и поздрав банкарски систем.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега