Уапсени навивачи осомничени за убиството на Ивковиќ

Турските медиуми пишуваат дека тамошната полиција уапсила пет навивачи на Галатасарај кои се задржани во притвор во рамките од истрагата за убиството на навивачот на Црвена Звезда Марко Ивковиќ.

Како што пренесува „Хуриет“ тие се сместени во притвор, откако била пронајдена нова снимка на која се гледа дека Ивковиќ е убиен со нож.

-Пет лица се уапсени во текот на ноќта, а полицијата е во потрага по уште три лица врз основа на информациите добиени по распитот на приведените, пишува „Хуриет“.

Да потсетиме, Ивковиќ е убиен во петокот во Истанбул пред кошаркарскиот меч помеѓу Галатасарај и Црвена Звезда.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 14:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега