Позната фолк пејачка: За мојот убиен сопруг плачам секој ден

Фолк пејачката Гоца Божиновска вчера на гробишта му оддаде помен на својот сопруг Зоран Шијан, кој пред 15 години беше убиен во центарот на Белград покрај својот бел мерцедес.

Поменот мина тажно како и секоја година. Покрај голем број роднини и пријатели присутни беа и нивните деца Мирка и Зоран. Најнеутешна била мајката на Зоран Милица, па дури и се слошило, а Гоца расплакана веднаш тргнала на помош кон својата свекрва.

Фолкерката иако минаа толку многу години не може да го прежали својот сопруг.

- Зоран ми недостасува сите овие години. Најтешко ми е вечерта пред поменот и секогаш плачам. Не знам како го издржав сето ова, но знам дека засекогаш ќе ми остане во срцето. Неговото име во мојот дом задолжително се споменува секој ден и децата мора да знаат се за него, изјави Гоца.

 

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега