Претставници од МНР и дипломатите утре ќе засадат млади садници

Во пресрет на 14-та акција на „Денот на дрвото-засади ја својата иднина„ Министерството за надворешни работи заедно со дипломатскиот кор во Република Македонија и Градот Скопје, утре ќе организира заедничко засадување млади садници во населбата Ново Лисиче.

Како и сите досегашни акции, МНР во целост ја поддржува и учествува во активностите и на оваа Есенска акција што се одвива под мотото „Стоп на катастрофите.“

Во тие рамки засадувањето млади садници во Ново Лисиче ќе претставува придонес кон напорите Скопје да се развива, пред се, како одржлива здрава животна средина.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега