Да се одложи плаќањето придонеси за хонорарите

 

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права бараат да се одложи плаќањето на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарците бидејќи сметаат дека тоа дополнително ќе ги намали правата на работниците.

Во денешното соопштение тие наведуваат дека не се против тоа да се плаќаат придонеси за хонорарците, туку оти не се убедени дека законските измени што ќе стапат на сила од 1 јануари 2015 година ќе го решат проблемот со правата од пензиско и здравствено осигурување.

Според нив, законските измени ќе ги поттикнат работодавачите наместо договори за вработување, да склучуваат договори за дело со нововработените лица, дури и со веќе вработените работници.

- На тој начин, тие ќе си ги исполнат финансиските обврски кон државата (плаќање придонеси од плата и персонален данок), но ќе заштедат на грбот на работниците врз основа на неисплата на надоместоци за годишен одмор, надоместоци за боледување, задолжителни систематски прегледи, отпремнини за вработените кои ги отпуштаат и друго, се вели во соопштението.

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите  и здруженијата за заштита на работничките права бараат и Инспекторатот за труд преку засилени контроли да ги отстрани случаите на прикриен работен однос

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега