Експлозија во рудникот Добрево кај Пробиштип - двајца рудари во болница

Двајца рудари се донесени изутрината околу 7.15 часот во штипската Клиничка болница, со повреди додека работеле во рудникот Добрево кај Пробиштип.

Неофицијално, есплозив му експлодирал во лицето на еден од рударите. Другиот е со полесни повреди. Од Клиничката болница потврдија дека  потешко повредениот рудар е прегледан од општ хирург и масксилофацијален хирург, како и од страна на очен лекар, по што ќе биде опериран.

Вториот рудар по негово барање, ќе биде пуштен на домашно лекување, откако ќе му биде даден серум.

Ова е втора рударска несреќа во десет дена во рудникот на „Индоминерали и метали“ во Добрево. На 24-ти ноември врз рудар падна камен блок, по што тој заврши со повреди на грбот.   
Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега