Полицијата потврди: Пожар во училиштето Јан Амос Коменски

Пожар пред половина час избувнал во основното училиште Јан Амос Коменски во скопско Тафталиџе, потврди полицијата. Од МВР немаат повеќе детали бидејќи нивните екипи туку што пристигнале на местото на пожарот.
Очевидци за Press24 велат дека слушнале експлозија и дека наводно некоја од наставничките била повредена. За оваа информација нема официјална потврда.
Неофицијално, пожарот избувнал во помошна просторија и за среќа брзо бил ставен под контрола. Учениците веднаш биле евакуирани и освен што се преплашени, нема повредени. 

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега