Откриено како дошло до несреќата во рудникот во Добрево

До несреќата во рудникот Добрево дошло поради невнимание при ракување со експлозиви од страна на еден од рударите, објаснуваат од компанијата која раководи со рудникот „Индо минерали и метали“.

Во несреќата, двајца рудари беа повредени. Еден од нив се здоби со потешки телесни повреди, додека другиот има полесни повреди, но и двајцата се надвор од животна опасност. И двајцата рудари се свесни и контактибилни со медицинскиот персонал во болницата во Штип, објаснуваат од компанијата.

Надлежните се веќе на терен и ги преземаат сите потребни мерки за утврдување на причините за несреќата.

 

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега