Државата продава земјиште за Филмски град во Зелениково
Државно неизградено земјиште во општина Зелениково ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Филмски град.
Градежната парцела е со површина од 157.276 метри квадратни и почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 110 денари за метар квадратен.
Јавното наддавање, како што информира денеска Министерството за транспорт и врски, ќе се одржи на 6 февруари на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 2 февруари.
Најповолниот понудувач ќе треба да изгради едно големо и едно средно филмско студио, четири објекти за сместување на филмската техника и реквизити, за аудио и видео продукција и една административна зграда.
Право на учество имаат домашни и странски физички лица и компании.
Целосниот текст на јавната објава може да се прочита на интернет-страницата www.mtc.gov.mk.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа