Абид Ал Селами: Владата врши одлична работа - Македонија одлично место за почнување бизнис
Абид Ал Селами сопственик на повеќе компании од прехранбената индустрија на бизнис форумот во Џеда пред македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски посочи дека од искуството од повеќето негови посети во Македонија може да заклучи дека државата е едно од најдобрите места за отпочнување на бизнис.
-Државата е едно од најдобрите места за инвестирање и е многу сигурна. Владата врши одлична работа и од она што можев да го видам од моите посети во Македонија можам да ја воочам разликата секој пат кога ќе доаѓам во Македонија, изјави Абид Ал Селами.
Со бизнис форумот во Џеда, Саудиска Арабија Премиерот Груевски и владината делегација ја заврши својата економско политичка посета на Кралството Саудиска Арабија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа