Албанската полиција приведе 88 илегални имигранти

Полицијата од јужниот албански град Ѓирокастро во две одделни акции приведе 88 илегални имигранти од Сирија и од Судан, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во акцијата биле вклучени и припадниците на единицата за брзи интервенции. Во првата акција која била реалицирана во селото Глин биле приведени 41 илегален имигрант, додека во другата во близина на селото Мулир, во близина на преминот Какавија, на албанско грчката граница, останатите 47 илегалци.

Имигрантите, според полициски извори, влегле на албанска територија од Грција, а требало да го продожат патот кон Црна Гора, а од таму во некоја западноервопска земја.

Во последните неколку месеци зачестени се обидите на поголеми групи илегални имигранти да минат преку Албанија, во кои има и жени и деца.

Годинава албанската полиција има приведено над 2.000 имигранти, главно од Сирија, од Судан, од Еритреа, од Пакистан, а недоамна и десетина државјани на Конго. 

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега