Хорор во Студенски Дом: Ученици дрогирале и силувале 15 годишна девојка

15-годишна  ученичка пријавила во почетокот на декември дека била силувана од две момчиња во Домот за ученици во средното училиште „Ангелина Којиќ Гина“ во Зрењанин.

Управата на Домот за ученици случајот го пријавила во полиција, која води истрага, додека двете момчиња ги негираат обвинувањата.

Воспитувачот Светислав Цвијанов изјави дека ученичката најпрво на него му се пожалила дека не се чувствува добро, додека директорот на Домот за ученици изјави дека двете момчиња ги негираат обвинувањата на девојката.

Сепак, со полициската истрага се собрани податоци кој покажуваат дека Ѓ. К. Ја опијанил прво тинејџерката, а потоа во пијалакот и ставил дрога и ја силувал во својата соба.

Исто така, со истрагата е утврдено дека С.Ј и ги држел рацете и устата, додека иако се обидувал не бил во состојба да ја силуват.


 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега