Грозоморно: Бебе удавено во полско ВЦ

Во полско ВЦ во дворот на Жељко Симичевиќ во Прељина кај Чачак завчера околу пладне пронајдено е мртво женско новороденче.

Според првичните информации, детето било живо кога е фрлено во полскиот тоалет. Полицијата трага по мајката.

 

Бебето го пронашол братот на сопственикот на куќата Радомир Симичевиќ кога тргнал во тоалетот.

-Тој пронашол траги од крв кога влегол во вецето. Кога погледнал во клозетската дупка, затекнал страотна глетка. Се избезумил кога го видел крвавото детско лице. Браќата веднаш повикале полиција, а брзо стигнала и итната помош, велат извори во истрагата додавајќи дека бебето било замотано во ќебе и не давало знаци на живот.

Истрагата засега не ја исклучува можноста бебето да е родено на друго место и да е донесоно во тоалетот на Симичевиќ, но можно е породувањето да се случило во непосредна близина.

Сопругата на Радомир е потресена од страшното откритие.

-Проклета да е таа што го направи ова. Сите сме потресени, мене лекарите пред малку ми дадоа инјекција за смирување, незнам дали ќе го преживеам ова, вели таа која со сопругот и двата сина живее во непосредна близина.

Таа низ солзи додава дека полицијата ги испитувала сите членови на семејството. 

-Ни преседе овој Свети Никола, незнам кој ни го направи ова - кукаше жената.

Жељко Симичевиќ уште од смртта на родителите живее сам во семејната куќа. Соседите велат дека му е многу тешко зошто цел живот сакал да има деца.

 

Тој многу тешко го преживува сето ова. Цел живот посакувал да има семејство, свои деца, но за жал, тоа не му се остварило. Тој е во шок. По смртта на таткото и мајката, од пред неколку години живее сам и ова може да го потепа. Незнаеме кој го направил ова, зошто во близина нема трудници во поодмината бременост, велат соседите.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега