Евакуирана зградата на опозициската Сириза во Атина по закана за поставена бомба

 

 

 

Централата на грчката опозициска партија Сириза денеска беше евакуирана откако беше добиена бомбашка закана, само ден пред вториот круг од изборите во парламентот за претседател на државата што може да предизвика предвремени избори.

Претставници на партијата потврдија дека канцелариите во центарот на Атина биле испразнети, но немало знаци на паника меѓу партиските лица и полицијата.

Лажните бомбашки закани се чести во Грција каде пак, и малите експлозии исто така не се реткост, јавуваат западни медиуми.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега