Со парите од алкохолот ќе се богати македонското здравство

 

 Министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција информираше за измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, усвоен од Собранието на Република Македонија. Со овој закон е утврдено да се обезбедуваат средства од акцизите за пиво и алкохол, или 1 денар на 1 литар пиво и 40 денари на 1 литар чист алкохол. Средствата ќе бидат наменети за Министерството за здравство, пред се за финансирање на промотивните програми на ресорното министерство. Овие одредбите  ќе почнат да се применуваат од 13 јули 2013 година.

- Очекуваме овој износ да се движи меѓу 250 и 300 милони денари годишно и сериозно ќе помогне за подобрување на јавното здравје во Република Македонија, рече Тодоров.

Измената на Законот за здравствена заштита предвидува од 13. јули секој матичен лекар задолжитело да испрати до ЈЗУ, термини кои ќе ги резервира за своите пациенти. Потоа, директорот на установата ќе направи список на термините и ќе ги истакне на јавно место во установата.

- Нема закажување на термини кај лекари кои извршуваат хирушки зафати. Секој од надлежните е должен по телефон или смс да го извести пациентот ако има одложување на прегледот или интервенцијата. Ако пациентот не дојде на закажаниот термин, повторно матичниот лекар ќе мора да му резервира термин. Ако се случи одложување на терминот, надлежните ќе му ја платат картата на пациентот, објасни Тодоров. 

Измените предвидуваат одземање на лиценцата на лекарот, доколку тој спротивно на законот работи како консултант во приватна здравсврна установа. Лекарите до државното здравство ќе смеат да работат во приватна установа само доколку двете установи имаат потпишан договор.

- Може лекар од приватна здравствена установа да прејде во државното здравство, ако за тоа има одобрение и ако тој придонесе за зголемување на имиџот на установата, информира Тодоров.

Тодоров информира дека од следниот месец, 10% од услугата на специјалистите ќе мора да биде прегледана и потпишана или корегирана од негов колега. 

најчитано сега