Нов рекорд: Бензините во Македонија поевтини за 10 денари по литар
Уште едно поевтинување на горивата. Од полноќ и бензините и дизелот паѓаат за 3,5 денари по литар. Вака одлучи регулаторната комисија за енергетика пресметувајќи ја просечната цена на нафтата на светските берзи и курсот на доларот во однос на денарот во изминатите две недели.
Доларот во овој период беше со речиси непроменета вредност, но цената на нафтата во просек падна за 11%, на околу 59 долари за барел. Така, ЕУРОСУПЕР 95 ќе чини 62,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР 98 63,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ 52,50 денари.
- Ова е осмо последователно намалување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати, направено согласно методологијата на регулаторната комисијаза енергетика. Од јуни горивата поевтинија за околу 25%, вели првиот човек на РКЕ, Димитар Петров.
Вклучтелно со последната корекција од 3,5 денари најавена од вечерва на полноќ, декември е месец со најголемо поевтинување горивата годинава. На почетокот на месецот намалувањето беше за 2 денари, а на средината до 4,5 денари.
Со оглед на одлуката на земјите од ОПЕК да не го намалат производството на нафта, регулаторната комисија за енергетика очекува овие цени на горивата да се задржат во следниот период.
Големиот пад на нафтата се толкува како стратегија на САД и ОПЕК да и нанесат економска штета на Русија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа